Европската комисија по терористичките напади во Брисел може да предложи воведување контрола на влезовите во аеродромите, пишува „Интерфакс“ повикувајќи се на германскиот весник „Ди Велт“.
„Тоа има смисла, затоа што ќе може да се проверат сите посетители пред влезот во терминалот“, ги цитира изданието зборовите на висок чиновник во ЕК.
Европската комисија се повикува, на пример, на успешната контрола на влезовите во московските аеродроми по терористичкиот напад во аеродромот „Домодедово“ во 2011 година. Тогаш во зоната на пристигање бомбаш-самоубиец активираше експлозивна направа по што загинаа 37 луѓе, а беа ранети 172.
Индивидуалните проверки бараат трошоци, тие се потполно реални и можат позитивно да влијаат на ситуацијата со безбедноста, изјави изворот во Европската комисија. Според неговите зборови, за разлика од аеродромите, многу посложено е да се заштитат метро-станиците со такви мерки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче