Шефот на Службата за безбедност на Украина Василиј Грицак изјави дека нападите што беа извршени денеска во Брисел можел да бидат организирани од руските власти, пренесува „ЛајфЊуз“.
„Нема да ме зачуди ако тоа не е составен дел од хибридната војна на Русија“, ја цитираат медиумите изјавата што ја даде Грицак во текот на предавањето во „Киево-Могиљанската академија“. Тој додаде дека наскоро сите ќе ја обвинуваат „Исламската држава“ за нападите во Белгија.
Утринава Брисел го потресе серија атентати на аеродромот и во метрото. Две силни експлозии одекнаа малку пред осум часот во зоната за заминување на бриселскиот меѓународен аеродром „Завентем“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче