На интернет се појави ново видео од падот на Боингот 737 во Ростов на Дон

На снимката се гледа како некој објект, за кој се претпоставува дека лета над ростовскиот аеродром, брзо се спушта, паѓа на земја и експлодира.

На интернет се појави ново видео од падот на Боингот 737 во Ростов на Дон на авикомпанијата „Флај Дубаи“, соопштуваат локалните медиуми

На видеото се гледа како некој објект паѓа на земја и експлодира. Како што се истакнува, снимката е направена од микрореонот Александровка.

Претходно на интернет веќе беше објавено видео на кое е забележан моментот на катастрофата на Боингот 737-800.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња