Во Русија почнаа да пристигаат сириско овошје и зеленчук кои би требало да ги заменат турските прехранбени производи кои во моментов се забранети за увоз, пишува весникот „Комерсант“.
Претходно, според податоците на изворите на изданието, испораките на овошје и зеленчук од Сирија биле пробни.
„Адиг-Јурак“ (компанијата која е увозник на производите од Сирија) води преговори за пласман на продуктите со компаниите кои се занимаваат со продажба на мало „Магнит“ и „Пјаторочка“, раскажа генералниот директор на компанијата Аслан Панеш.
„Основниот проблем кој пречи на воспоставувањето постојан увоз е неквалитетното пакување“, се пожали тој.
Притоа Панеш увери дека по половина година во Сирија треба да почне да се произведува современ материјал за пакување.
„Тоа ќе ни овозможи неделен извоз на 3-4 илјади тони овошје и зеленчук“, смета Панеш. Во план сме да постигнеме обем на извоз до 5 илјади тони неделно“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче