Чешка оформи посебен став за „Северен тек-2”

Чешкиот министер за индустрија и трговија Јан Младек потврди дека неговата земја го потпишала заедничкото писмо до Европската комисија против изградбата на „Северен тек-2“, но само „значително поблагата варијанта“.

Чешка потпишала само „ублажена варијанта” на заедничкото писмо на земјите-членки на Европската унија испратено до Европската комисија против изградбата на гасоводот „Северен тек-2“, соопшти министерот за индустрија и трговија на Чешка Јан Младек.

„Ние не сакаме да бидеме зависни само од гасоводот „Северен тек“, туку повеќе би сакале да имаме две линии за снабдувањето со гас: преку територијата на Украина и преку Балтичкото море“, изјави Младек, а пренесува „Взгљад”.

Министерот потврди дека неговата земја го потпишала заедничкото писмо до Европската комисија против изградбата на „Северен тек-2“.

„Писмото е значително поблаго по содржина од претходно подготвеното писмо на министрите за економија и индустрија“, истакна Младек. Според неговите зборови, на потпишување на претходното писмо инсистирал словачкиот министер за економија, но чешката влада не го одобрила потпишувањето на овој документ.

Младек исто така изјави дека Чешка секогаш била и дека секогаш ќе биде заинтересирана за рускиот пазар.

Во вторникот во Прага почнува дводневно заседание на руско-чешка меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња