Американски милионер купува руски државни обврзници во рубли

Инвеститорот Џим Роџерс ја истакна апсурдноста на ситуацијата во која граѓаните на европските земји не можат да купуваат руски облигации поради антируските санкции.

Американскиот инвеститор Џим Роџерс соопшти дека вложил средства во руските државни обврзници номинирани во рубли, нагласувајќи дека им дал предност во однос на руските еврообврзници кои се врзани за еврото или доларот, пренесуваат медиумите.

Во разговор со новинарите тој истакна дека вложил пари во руските хартии од вредност пред неколку недели, не прецизирајќи за колкава сума станува збор.

Роџерс рече дека нема голем оптимизам во поглед на европската валута, па затоа се решил за директно вложување во руските хартии од вредност, а не во еврообврзниците, номинирани во долари или евра.  

Роџерс ја нагласи апсурдноста на антируските санкции, затоа што не им дозволуваат на граѓаните на европските земји директно да купуваат руски облигации.

Еден од најпознатите финансиери на светот Џим Роџерс и претходно вложуваше во рускиот пазар, а поседува и пакет акции на рускиот произведувач на ѓубриво „Фосагро“, пренесува Аргументи и факти“

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња