Уште една проверка пред обнова на летовите за Египет

Министерството за транспорт на Русија соопшти дека е потребно да се направи уште една проверка пред обновата на летовите за Египет.

Министерството за транспорт на Русија соопшти дека е потребно да се направи уште една проверка пред обновата на летовите за Египет.

Како што изјави за „Русија 24“ министерот Максим Соколов, инспекцијата ќе биде многу детална и воопшто нема да биде краткорочна, пренесува РСН. Според зборовите Соколов, по проверката ќе биде подготвена одлука за обнова на авионскиот транспорт која треба да биде потврдена од раководството на земјата. Тој додаде дека нема никакви политички пречки за обнова на авионскиот сообраќај.

Извршниот директор на Асоцијацијата на туроператори на Русија Маја Ломиѕе претходно изјави дека не смета дека е потребно да се проверува безбедноста во одморалиштата во Египет.

Претходно првиот човек на „Ростуризм“ Олег Сафонов упати писмо до вицепремиерот Аркадиј Дворкович во кое повика да се побара од властите на Египет да дадат гаранции за безбедноста во одморалиштата и туристичките објекти на таа земја.

На 14 март министерот за надворешни работи на Египет Самех Шукри изјави дека на аеродромите во Каиро, Шарм ел Шеик и Хургада биле воведени нови мерки за безбедност препорачани од руските експерти. Тој прецизираше дека странските експерти, откако завршија со проверка на аеродромите во Египет, се задоволни до мерките преземени од страна на властите во земјата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња