Донецкиот суд на Ростовската областа донесе одлука со која украинскиот војник Надежда Савченко е прогласена за виновна, пренесува РИА „Новости“.
Cудот ја прогласи Савченко виновна за смртта на руските новинари на ВГТРК, како и за нелегално преминување на границата на Руската Федерација.
„Савченко го извршила убиството според претходен договор со група лица со мотив на омраза и непријателство“, ја објави својата одлука судот.
Како мотив за сторените злосторства за Савченко послужила омразата во однос на социјална група жители на Луганската област, како и спрема рускојазичните луѓе во целина, се вели во одлуката.
Вината на обвинетата беше потврдена со сведоштвата на сведоците и доказите, истакна судијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче