Русија може да примени сила поради кршењето на примирјето во Сирија

Русија е подготвена да примени воена сила против оние кои не го почитуваат примирјето во Сирија, изјави Сергеј Рудској, началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на РФ.

Русија може да го реализира утре, 22 март, најавеното во случај САД да не одговорат на предлогот на САД кој Москва им го упати уште на 25 февруари за начините за контрола на прекинот на огнот, ја пренесува ТАСС изјавата на претставникот на ВС Русија.

„Нагласуваме дека воена сила ќе се применува само во случај на докажано систематско кршење на обврските преземени во рамките на реализацијата на Заедничката руско-американска изјава за прекин на воените дејствија во Сирија од 22 февруари 2016 година“.

Руската страна исто така смета дека руско-американските консултации во Аман на 18 март ја покажале неподготвеноста на САД суштински да разговараат за контролата на прекинот на огнот во Сирија.

„Недозволиво е да се одолговлекува со примената на усогласените правила за тоа како да се реагира на кршењето на прекинот на огнот во Сирија. Во секојдневните провокации и закачки гинат цивили“, изјави Рудској.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња