Проди: ЕУ греши во односите со Русија

Европа со помош на антируските санцкии врши „политичко и економско самоубиство”, смета поранешниот италијански премиер Романо Проди.

Италија сака да ги унапреди односите со Русија, но во тоа ја ограничува политиката на Европската унија, која правеше многу грешки во односите со Москва, изјави поранешниот премиер на Италија и поранешен претседател на Европската комисија Романо Проди.

„За секоја европска земја не е лесно да води политика која не се согласува со официјалниот курс на ЕУ. Италија сака да ги подобри односите со Русија. Но можностите за тоа се јасно дефинирани во рамките на заедничката политика на ЕУ. Сметам дека Русија треба да стори сѐ што е во нејзините можности за да им помогне на членките на ЕУ кои се расположени за унапредување на односите со Москва“, изјави Романо Проди во интервјуто за рускиот весник „Известија”.

Тој истакна дека Европа врши „политичко и економско самоубиство”. Место тоа Русија и Европската унија би требало да ги обноват економските односи и културната размена.

„Процесот на модернизација на Русија не може да биде реализиран без соработка со Европа... Треба да се почне политички дијалог, потоа да се обноват економските односи, а потоа да се занимаваме со хуманитарната сфера. Во услови на глобализација тоа ќе биде корисно за сите заинтересирани страни“, изјави поранешниот премиер на Италија.

Политичарот истакна дека во глобалната политика е неопходна соработка меѓу Русија и Европа. Ако меѓу страните нема дијалог, секогаш ќе се најдат групи и нации кои ќе профитираат на ова недоразбирање и ќе отворат простор за терористите. Борбата против светскиот тероризам е главен заеднички проблем кој треба заедно да до решиме. А соработката во таа сфера ќе ја подобри ситуацијата со мигрантите.

Романо Проди во моментов се наоѓа во приватна посета на Москва во чии рамки е планирана средба со претседателот на Русија Владимир Путин.  

Проди на 18 март ја повика ЕУ што е можно поскоро да се откаже од политиката на санкции. Според неговите зборови, „проблемот на Украина сериозно ги загрозува нашите односи“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња