Европската комисија вети одговор на писмото против „Северен тек-2“

Европската комисија доби писмо потпишано од лидери на осум земји против изградбата на гасоводот „Северен тек-2“, соопшти прес-службата на ЕК.

Европската комисија доби писмо потпишано од лидери на осум земји против изградбата на гасоводот „Северен тек-2“, соопшти прес-службата на ЕК.

„Како и обично, на сите писма кои ги добиваат претседателот (на Европската комисија) или Европската комисија ќе биде даден одговор“, додадоа од прес-службата.

На 17 март портпаролот на ЕК Ана-Кајса Итконен изјави дека таков документ не пристигнал во Европската комисија.

На 16 март агенцијата „Ројтерс“ соопшти дека на документот се потпишале премиерите на Чешка, Естонија, Унгарија, Полска, Латвија, Словачка, Романија и претседателот на Литванија. Последната верзија според изворите на агенцијата била потпишана и од Хрватска, но владата на таа земја не ја потврди информацијата. Писмото е со датум од 7 март. Според мислењето на потпишаните, „Северен тек-2“ може да претставува ризик за енергетската безбедност во Централна и Источна Европа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња