Србија го одби повикот на Могерини за воведување санкции за Русија

Во своето обраќање до членовите на Обединетите нации, високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика Федерика Могерини апелираше сите земји да воведат санкции кон Русија, според примерот на ЕУ.

„Србија никогаш нема да се придружи на санкциите на Европската Унија кон Русија“, изјави првиот советник на постојаниот претставник на Србија при ОН Ана Илиќ.

Вака Србија го коментираше повикот на Европската Унија до членовите на ОН за разгледување на можноста за воведување рестриктивни мерки за Москва во врска со годишнината од присоединувањето на Крим кон Русија, пренесува изданието „Взгљад“.

„Претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на Србија во повеќе наврати повторија дека Србија никогаш нема да се придружи на санкциите против Руската Федерација. Нашиот став останува непроменет“, изјави Илиќ.

Во своето обраќање кон членовите на Обединетите Нации високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини апелираше сите земји да воведат санкции против Русија, по примерот на ЕУ.

Министерството за надворешни работи на Русија изрази изненадување во врска со изјавата на Могерини, истакнувајќи дека високиот претставник на ЕУ на овој начин изразува непочитување кон жителите на Крим.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња