Разузнавањето на ДНР дознало за подготовка на Киев за офанзива врз градот

Според заменикот на командантот на корпусот на министерството за одбрана на самопрогласената Донецка Народна Република Едуард Басурин, Киев има намера да влезе со своите воени сили во градот.

Разузнавањето на доброволците дознало дека украинските воени сили подготвуваат напад на градската линија. Ова го изјави заменикот на командантот на корпусот на министерството за одбрана на самопрогласената Донецка Народна Република Едуард Басурин, извести денес Донецката новинска агенција

Според податоците на Басурин. Министерството на Украина нарачало подготовка на пет илјади мотори за реактивните пешадиски пламенофрлачи. „Врз основа на оваа информација може да се заклучи дека украинските воени сили се подготвуваат за борбени дејства во градски услови, со оглед на тоа што примената на овој вид оружје е ефикасно во услови на борба во големите населени места“, појаснува тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња