Воената и политичката поддршка на сојузниците на Сирија, пред сè Русија и Иран, придонесе за консолидација на сирискиот народ во борбата против тероризмот, изјави претседателот на Сирија Башар Ал Асад на средбата со директорот на стратешкиот совет за надворешна политика на Иран Камал Харзај во Дамаск.
Сирискиот претседател истакна дека поддршката на пријателските земји придонела за зајакнување на безбедноста и создаде поволни услови Сиријците да можат самите да решаваат за иднината на својата земја.
„Победата на сирискиот народ и на сојузниците во борбата против тероризмот ќе придонесе за создавање на постабилен и поправеден свет“, ја пренесува САНА изјавата на Ал Асад.
Сирискиот претседател исто така ги обвини западните земји дека сакаат на Сирија да ѝ ја наметнат својата волја која не е во согласност со интересите на луѓето од регионот. Тој истакна дека сирискиот народ пред сè се залага за суверенитетот на својата земја и за правото на самоопределување, пренесува РИА Новости.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче