Меѓународната рејтинг-агенција „Стандард и Пурс“ го потврди долгорочниот суверен кредитен рејтинг на Русија во девизи на степен BB+ со негативна прогноза. Краткорочниот рејтинг за обврските во девизи останува на степен B, се вели во соопштението за јавност на агенцијата.
Долгорочниот и краткорочниот рејтинг за обврски во национална валута беа потврдени на степен BBB–/A–3, прогнозата на долгорочниот рејтинг е негативна. Агенцијата исто така го потврди рејтингот на Русија според националната скала AAA. Аналитичарите очекуваат дека БДП на Русија ќе се намали за 1,4% во 2016 година, а економијата ќе се врати на умерен раст во 2017 година.
Како што соопшти „Комерсант“ вчера „Стандард и Пурс“ ја објави својата прогноза за банкарскиот сектор за 20156 година. Според цената на агенцијата, степенот на проблематични кредити (вклучувајќи ги реструктурираните заеми) може да достигне 23–25% на портфолиото според МСФИ. На тој начин, „Стандард и Пурс“, како и во минатата криза во 2008–2009 година, истапи со најпесимистичната оценка на иднината на рускиот банкарски сектор од агенциите на „големата тројка“. Тогаш „Стандард и Пурс“ очекуваше дека степенот на проблематични кредити може да порасне до 35-50%, „Фич“ - до 25%, а „Мудис“ – до 20%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче