Рускиот филозоф Александар Дугин објасни што значи честитката на Владимир Путин по повод втората годишнина од присоединувањето на Крим наРусија.
„ Путин рече: „Само напред!“ Што значи тоа напред? Во овој контекст „напред“ значи дека ние треба да ја обновиме Русија, да им се вратиме на своите корени, изворите, на длабокиот руски идентитет. Ширејќи ја нашата руска душа.
Ние обединувањето не треба да го разгледуваме како една историска епизода. Ова движење напред заедно со Крим е движење со нашето руско срце кон величествените хоризонти. Токму затоа и велиме дека секоја пролет треба да биде руска. Ние не треба да ја гледаме руската пролет како нешто од минатото“, изјави Александар Дугин за ТВ каналот „Царград”.
Филозофот освен тоа изјави дека би сакал на сите гледачи да им го честита враќањето на Крим. Враќањето на Крим е чудо кое ги поништи деведесеттите години на минатиот век, кога Русија веќе многумина ја имаа отпишано. Враќањето на Крим е враќање на Русија и на целиот народ на самите себеси, изјави Дугин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче