Потпретседателот на Русија Аркадиј Дворкович им препорача на компаниите „Татнефт“ и „Гаспром“ да ја запрат испораката на нафтени деривати во Белорусија додека да се добие извештај од Министерството за енергетика, Федералната царинска служба и Министерството за финансии.
Дворкович го постави прашањето уште во февруари за тоа на која основа „Газпром“ и „Татнефт“ нагло го зголемиле испораките на нафтени деривати во Белорусија.
Потпретседателот исто така наложи да се изработи до 31 март нов руско-белоруски договор за користење на шемата за враќање на белоруски нафтени деривати произведени од бесцаринска руска нафта, пренесува „Интерфакс“.
Согласно важечкиот договор, Белорусија има право да купува од Русија на бесцаринска основа околу 24 милиони тони нафта годишно под услов за враќање до еден милион тони нафтени деривати. На крајот на јануари вицепремиерот на Белорусија Владимир Семашко изјави дека Русија ќе добива нафтени деривати по цена споредлива со цените на другите пазари, што не ѝ одговара на Русија.
Уделот на белоруските нафтени деривати што се користат во Русија не надминува три проценти, меѓутоа тие се потребни како гаранција за сигурен трансфер за периодите на ремонт на домашните рафинерии, пренесува „Вести.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче