Европската унија продолжува да ја поддржува реализацијата на својата политика на непризнавање вклучувајќи рестриктивни мерки. Европската унија повторно ги повикува државните-членки на ОН да разгледаат слични мерки по повод непризнавањето, во склад со резолуцијата на Генералното собрание на ОН под број 68/262, се вели во текстот на изјавата на претставничката на европската дипломатија.
Во документот исто така се изразува „длабока загриженост по повод зголемувањето на воената моќ“ и се изнесени обвинувања поради „влошувањето на ситуацијата во врска со човековите права на Кримскиот полуостров“, пишува „Взгљад“.
ЕУ и понатаму го смета влегувањето на Крим во составот на Русија како „кршење на меѓународното право“ и „директен предизвик за меѓународната безбедност“, наведува Могерини.
Две години по влегувањето на Крим во состав на Русија, се вели во документот, Европската унија и понатаму е цврсто приврзана кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче