Ако ситуацијата со антируските санкции отиде предалеку, Европа може да остане без руски гас, пишува „Фајненшел Тајмс“, а пренесува РИА „Новости“.
Европските влади, толку исплашени и изгубени поради бегалската криза, се плашат дека можат да ги снајдат нови катастрофи, а една од нив може да биде токму престанокот на испораките на руски гас во Централна и Источна Европа. Најсериозни последици ѝ се закануваат на Украина, која истовремено ќе страда не само поради отсуството на гас, туку и поради енергетската зависност од Донбас, пишува британскиот весник.
„Во Украина ќе настане економски колапс, а мнозинството граѓани ќе бегаат на Запад – во Полска, Германија итн., ширум целата Европска унија, исто како што тоа сега го прават бегалците од Сирија“, предупредува „Фајненшел Тајмс“.
Најважниот услов овој кошмар да не се претвори во реалност е подготвеноста на Европската унија да признае дека на Русија ѝ припаѓа определено геополитичко и економско место во Европа, заклучува авторот на статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче