Според зборовите на Хајрала, Русија покажа со пример дека е способна ефикасно да се бори со тероризмот и по потреба може во секое време да го повтори успехот на својата кампања.
„Русија демонстрираше дека во Сирија има јасни и разбирливи цели, односно дека води борба со тероризмот. Таа докажа дека е способна да го прави тоа ефикасно, во рекордни рокови, во споредба со други сили кои зафатија со таа работа“, истакна Хајрала.
Според мислењето на професорот, „Исламската држава“, „Фронтот ан-Нусра“ или други гранки на „Ал Каеда“, прогласени за терористички организации, сега ќе се обидат да се реваншираат.
„Во тој случај Русија, како што ми се чини, во секое време ќе биде подготвена да се вмеша – дозирано и во рамките на конкретен период, во текот на кој повторно ќе бидат постигнати некакви јасни цели, а потоа Русија повторно ќе ја повлече војската“, заклучи професорот во интервјуто за РТ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче