Во Русија почнаа тестирања на хиперсоничните ракети „Циркон“

Ракетите ќе бидат дел од вооружувањето на нуклеарните подморници од петта генерација. Брзина на „Циркон" треба да биде поголема од брзината на звукот од пет до шест пати, изјави за РИА „Новости“ висок воен извор.

Во Русија почнаа првите проби на хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“, изјави за РИА „Новости“ висок претставник на воено-индустрискиот комплекс.

Тестирањата на хиперсоничните ракети „Циркон“ почнаа со лансирање од копнени лансирни рампи,  рече соговорникот на РИА „Новости“.  

Брзината на ракетата, како што рече изворот, треба да биде меѓу пет и шест маха.  

Ракетите „Циркон“ ќе бидат инсталирани на нуклеарните подморници од петтата генерација „Хаски“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња