„Партијата со оружје пристигна завчера, на 14 март, и беше наменета за вооружените формации на Ирачки Курдистан – Пешмергите. Оружјето беше предадено во присуство на амбасадорот (на Русија во Ирак) и генералниот конзул (на Русија), како и на заменик-началникот на Генералштабот на Пешмергите“, пренесува РТ на руски.
Информациите за испорака на оружје на Курдите беа потврдени во рускиот конзулат.
„Ние испорачавме уште една партија, го потврдуваме тоа. Тоа се случи завчера. Притстигна пратка со оружје за ирачките Курди. Беа испорачани 5 топови 23 мм ЗУ-23-2 и 19 илјади парчиња муниција за нив. Тоа не е прва испорака“, соопшти за РТ советникот во генералниот конзулат на Русија во Ербил Евгениј Аржанцев.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче