Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на барање на новинарите го коментираше предизборниот видео-клип на Доналд Трамп. Во видео-материјалот се користени снимки на телевизијата РТ во кои се појавува Владимир Путин, а прикажан е и терорист на „Исламската држава“.
„Го видов тоа видео, засега не знам точно дали го видел и Владимир Путин. Нашиот однос е негативен, јавна тајна е дека демонизацијата на Русија за жал стана незаобиколна состојка на американската изборна кампања“, рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Американскиот милијардер Доналд Трамп во својата кампања претстави предизборен видео-клип на кој ликот на претседателот на РФ Владимир Путин го спотивстави на својата ривалка Хилари Клинтон. Видеото содржи снимки од телевизијата РТ на кои рускиот претседател соборува противник во џудо.
Противниците на САД се претставени преку Владимир Путин, а прикажан е и терорист од „Исламската држава“. Одговорот на демократите е претставен преку лаење во микрофон од страна на Хилари Клинтон, пренесува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче