Пентагон: САД не се подготвени за војна со Русија и Кина

САД можат успешно да водат операции во странство, но ризикуваат да претрпат пораз во случај на конфликт од големи размери со силни земји, смета началникот на штабот на американските Копнени сили генерал Марк Мили.

САД не се подготвени за евентуална војна со Русија и Кина, пишува „Дифенс Њуз“ повикувајќи се началникот на штабот на американските Копнени сили генерал Марк Мили.

Американската армија може да спроведува регионални и антитерористички операции, но потенцијалната потреба да се бори со силен противник – како што се Русија, Кина, Иран или Северна Кореја – предизвикува во Пентагон длабока загриженост, смета генералот.

Според зборовите на Мили, борбената готовност на американската армија слабее поради намалувањето на буџетот, борбата со тероризмот и војните во Ирак и Авганистан. 

„Армијата на САД сега е подготвена да се бори со ИД, Ал Каеда, „Фронтот ан-Нусра“ и секоја друга терористичка група. Кога зборуваме за ризици, мислиме на војна од големи размери со една или две земји – Кина, Русија, Иран или Северна Кореја“, го цитира изданието генералот.  

Генералот изјави дека американската армија може да ја изгуби војната затоа што не може благовремено да одговори на дејствијата на противникот и да ги постигне сопствените сопствени цели.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња