Осум земји со писмо против „Северен тек-2”

Писмото го потпишаа премиерите на Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Полска, Словачка и Романија, како и претседателот на Литванија.

Писмото против изградбата на „Северен тек-2”, упатено до претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, го потпишаа владите на осум земји.

Ако проектот биде реализиран, „Северен тек-2” би можел да доведе до „геополитички последици кои предизвикуваат дестабилизација“, се наведува во писмото. „Северен тек-2“, кој во моментов е во фаза на подготовка, би можел да донесе извесни ризици за енергетската безбедност во регионот на Централна и Источна Европа, се наведува во писмото што го пренесува „Взгљад”.

Се истакнува дека проектот „силно ќе влијае на развојот на пазарот на гас и на моделот на транзит на гас во регионот“, пред сѐ, на транзитната маршрута преку територијата на Украина.  

Писмото го потпишаа премиерите на Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Полска, Словачка и Романија, како и претседателот на Литванија. Европската комисија соопшти дека не може да го потврди приемот на писмото.

Во меѓувреме компанијата Nord Stream 2 AG го заврши меѓународниот тендер за набавка на челични цевки со висок квалитет за изградба на два краци на гасоводот. Почетокот на изградбата е планиран за 2018 година. Во февруари претседателот на Управниот одбор на „Гаспром” Алексеј Милер изјави дека „Северен тек-2“ ќе биде завршен според планот, до крајот на 2019 година.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња