Кремљ со коментар на барањето на Обама за ослободување на Савченко

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков одговори на прашањето на новинарите за информацијата за наводниот разговор меѓу Путин и Обама за случајот со Надежда Савченко.

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков одговори на прашањето на новинарите за информацијата за наводниот разговор меѓу Путин и Обама за случајот со Надежда Савченко.

„Од страна на претседателот многупати беа дадени објаснувања во врска со тоа – и за странските колеги, и на други нивоа – дека е работи за судски процес, дека никакво мешање однадвор во јурисдикцијата на нашите судови е недозволиво, тоа е невозможно“, потенцираше Песков.

Портпаролот на Кремљ изјави дека невозможно е да се даваат некакви оценки пред завршувањето на судскиот процес и до изрекувањето на пресудата..

Според верзијата на истрагата, Надежда Савченко придонела за смртта на новинарите на ВГТРК Игор Корнељук и Антон Волошин во Донбас, пишува РТ на руски.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња