Донској: Имаме резерви на нафта за 28 години

Русија има докажани резерви на нафта за 28 години, изјави во интервју за „Росијскаја газета“ министерот за природни ресурси и екологија на Русија Сергеј Донској.

Русија има докажани резерви на нафта за 28 години, тие ќе се исцрпат до 2044 година, изјави во интервју за „Росијскаја газета“ министерот за природни ресурси и екологија на Русија Сергеј Донској.

Тој изјави дека резервите на нафта изнесуваат 29 милијарди тони и потенцираше дека тие количини може да се експлоатираат теоретски.

„Меѓутоа, количината на докажаните резерви (за кои точно знаеме каде се и колку ги има и како да ги црпиме), според оценките на експертите, се двојно помалку, околу 14 милијарди тони. Според докажаните резерви имаме обезбедено производство за само 28 години“, додаде тој.  

Министерот исто така соопшти дека во вкупен обем расте уделот на нафта која потешко може да се извади. „Без нови откритија експлоатацијата на традиционалните резерви ќе почне да се намалува веќе од 2020 година“, смета тој.

Според податоците на Централната диспечерска управа на Енергетската индустрија, во февруари Русија го зголемила производството на нафта за 5,3 проценти во споредба со истиот период лани. Вкупно за еден месец биле произведени 43,1 милиони тони.

В 2015 година приходите на Русија од извоз на нафта опаднаа за 41,7% на 89,57 милијарди долари, соопшти Федералната царинска служба, пишува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња