Американскиот актер Леонардо Ди Каприо на својот профил на „Инстаграм“ им се заблагодари на жителите на Јакутија за изработката на сребрената статуетка „Оскар“, пренесува РИА „Новости“.
„Им благодарам на жителите на Јакутија за овој чудесен подарок, особено на жените, кои собраа и донираа материјали од кои е направена оваа статуетка. Како што тие напишаа во своето писмо, Јакутија не само што е најстуденото место во Русија, но и на Земјата – тој регион е особено чувствителен на климатските промени. Зголемувањето на температурите претставува особена закана за луѓето, нивниот начин на живот и нивната природна животна средина“, напиша тој.
Претходно љубителите на филмот во Јакутија решија да го наградат Ди Каприо со народен „Оскар“ и почнаа да собираат сребро за изработка на статуетката. Човекот на статуетката е монголоид кој гледа во небото и држи во рацете ритуален јакутски сад чороон. Активистите собраа речиси 1,4 килограм сребро, како и злато за декорацијата. Народниот „Оскар“ го нарекоа „Оној кој зборува со ѕвездите“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче