Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ја коментираше на својот Фејсбук профил изјавата на министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд за воената операција на Руската Федерација против терористите во Сирија.
„Медиуми: Според зборовите на Хамонд, да се поздравува повлекувањето на руските сили од Сирија е исто што и „фалење на мажот кој престанал да ја тепа својата жена“. „Господин Хамонд, дали е тоа нешто од лично искуство? Или повторно преводот е погрешен?“, пишува Захарова на Фејсбук.
Министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд рече во британскиот парламент дека „нема намера да го фали Путин за повлекувањето на руските воздухопловни сили од Сирија. Тоа е исто како да го фалите мажот кој престанал да ја тепа својата жена“.
Захарова нагласи и дека информативната кампања на Западот насочена против операциите на ВКС Русија во Сирија доживеала неуспех, пренесува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче