Русија вложи во државниот долг на САД 4,8 милијарди долари

Русија во тековната година продолжи да откупува државни обврзници на САД, во јануари износот на американскиот долг откупен од Москва се зголеми за 4,8 милијарди долари, пишува во извештајот на Министерството за финансии на САД.

Во годишните пресметки износот на вложувањата на Русија во државниот долг на САД исто така се зголемил – за 14,7 милијарди долари. Во ноември 2015 година Русија поседуваше хартии од вредност во износ од 108 милијарди долари, пишува „Взгљад“.

Од декември 2014 година Русија постепено го зголемуваше нивниот износ, така што во април 2015 година поседуваше хартии од вредност за 66,5 милијарди долари. Од мај таа бројка повторно почна да расте.

Најголеми инвеститори во американските обврзници остануваат Кина и Јапонија. Кина за една година од јануари 2014 година го намали обемот на резерви номинирани во американски обврски  за 2,8 милијарди долари –на 1,237 трилиони долари.

Јапонија го намали за една година овој показател за 15,1 милијарди долари – на 1,1235 трилиони долари.

И покрај тоа што Русија спаѓа во првите 15 инвеститори во САД, американското Министерство за финансии им препорача на американските банки да не вложуваат во еврообврзниците што ги пласира Руската Федерација. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња