Саудиска Арабија се надева дека повлекувањето на дел од руските Воздушно-космички сили од Сирија ќе го натера сирискиот претседател Башар Асад да прави отстапки и да го забрза преодниот период, изјави министерот за надворешни работи Адел ел Џубеир.
Претходно Саудиска Арабија соопшти дека повлекувањето на рускиот контингент од Сирија нема да влијае на одлуката на Ријад за испраќање копнени сили во САР.
Дамаск нагласува дека Путин и Асад се договориле за намалување на руското воено присуство по успехот на сириската војска потпомогната од руските Воздушно-космички сили.
„Њујорк Тајмс“ соопшти дека со воената операција во Сирија Путин ги остварил главните цели, ѝ ја вратил на Русија титула на светска сила, исклучил смена на режимот во Сирија, особено в режија на Западот и ги зајканал своите, како и позициите на Башар Асад во Сирија, пренесе „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче