Пентагон и понатаму тврди дека Руската Федерација повлекла од Сирија најмногу 10 авиони. Ова го изјави претставникот на Пентагон, полковник Стив Ворен. Вчера и американскиот воен ресор ги изнесе истите тврдења.
„Видовме заминување на мал број руски авиони, некаде околу 8 и 10. Видовме дека Русите во последните 24 часа вршеа борбени летови, но без воздушни напади“, изјави Ворен, пренесува РИА „Новости”.
„Значителен дел од силите засега ја нема напуштено Сирија, иако видовме дека малите единици ја пакуваат својата опрема. Засега е рано да се зборува како ќе се одвива повлекувањето на руската војска, така што ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација“, додаде Ворен.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче