„Само мал дел од нашите курдски браќа ги поддржува терористичките организации како што се РПК, ПДС и силите за самоодбрана на сириските Курди“, вели Ердоган. „Финансиерите на овие групации се сосем други сили. Кога го гледаме оружјето во рацете на овие терористички организации, ги гледаме Западот и Русија“, ги пренесува РИА „Новости“ зборовите на турскиот претседател.
Во Русија и западните држави наведените курдски организации отвораат канцеларии, не се води сериозна борба против нив, изјави Ердоган.
„Како вие се борите против терористите? Како ги уништувате нивните објекти и местата на дислокација? Дали ги депортирате во Турција уапсените терористи? Од каде им се на терористите финансиите? Ние сето тоа го знаеме и им ги презентиравме доказите на нашите партнери. Ама одговор нема“, рече претседателот на Турција, кој ја спореди настанатата ситуација во државата со „војната за независност“ што ја водеш Русија од 1919 до 1923 година.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата изјави дека Москва смета дека мора да се истражи кршењето на правата на Курдите на југоистокот на Турција. Во МНР РФ исто така истакнаа дека акциите на турските власти спрема курдското население не се ниту нормални ниту цивилизирани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче