Анкета: Третина Европејци и Американци мислат дека Крим е дел од Русија

Според резултатите од истражувањето на јавното мислење што ги објави агенцијата „Спутник“, 39% Италијанци и 37% Германци мислат дека Крим е дел од Русија. Приближно една третина Американци, како и Холанѓани, Англичани и Французи одговориле дека Кримскиот полуостров припаѓа на РФ.

Истражувањето што го нарача руската меѓународна информативна агенција и радиостаница „Спутник“ го спроведоа две агенции. Компанијата „Популус“ објави испитување на јавното мислење во САД, Велика Британија и Холандија, додека француската куќа „Ифоп“ се занимаваше со Франција, Италија и Германија.

На прашањето „дали мислите дека Крим е или не е дел од Русија“, 39% од жителите на Италија и 37% граѓани на Германија одговорија дека Крим е дел од Русија. Во Велика Британија и Холандија тој процент изнесуваше 33 одноcно 32, а во САД и Франција 26%. Во Америка, инаку, е забележана најголема зачестеност на одговорите „не знам“ - 42%.

Во САД, Велика Британија и Холандија анкетата е спроведена од 4-9 март оваа година Истражувањето опфати 3092 испитаници кои имаат преку 18 години, меѓу кои 1004 живеат во Холандија, 1085 во Велика Британија, 1003 во САД.

Во Франција, Италија и Германија истражувањето е реализирано во периодот од 8-10 март, а анкетирани се 3001 лице  (1005 во Франција, 1002 во Германија и 994 во Италија), пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња