Американскиот сенатор Џон Меккејн објави на својот сајт изјава по повод одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за повлекување на руските воени сили од Сирија, пренесуваат медиумите.
„Соопштението дека Русија почнала да повлекува дел од своите воени сили од Сирија праќа сигнал дека Владимир Путин мисли дека бомбардирал и убил сосем доволен број на опоненти на крвавиот режим на Башар Асад за да го обезбеди неговото преживување“, наведе Меккејн.
Сенаторот исто така ја критикуваше политиката на администрацијата на Обама, обвинувајќи ја за пасивност и неразбирање на фактот дека секое политичко решение во Сирија има воен аспект.
„За жал токму Русија и нејзините штитеници го покажаа тоа во Сирија. Тие ја променија воената ситуација на теренот и создадоа услови за политичко решение, поволно од гледна точка на нивните интереси“, вели Меккејн.
Во моментов тој се плаши дека Русија ќе го пренасочи своето внимание врз други региони и дека во Украина повторно би можела да пристигне „крвава пролет“.
Претходно сенаторот се сомневаше дека Русија ќе го нарушува примирјето во Сирија, пишува сајтот http://sharij.net.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче