Медиуми: Одлуката на Путин за повлекување од Сирија ги затекна САД

Одлуката на претседателот на Русија Владимир Путин за повлекување на основниот контингент на ВКС од Сирија се покажа неочекувана за властите во САД, пишува весникот „Политико“ во статијата под наслов „Путин повторно го надитри Обама?“

За одлуката за повлекување од Сирија на основните делови на авиогрупата на ВКС Владимир Путин му соопшти на Барак Обама по телефон. Како што соопштува прес-службата на Кремљ, шефовите на државите размениле оцени за текот на реализацијата на заедничкиот договор меѓу Русија и САД за прекин на борбените дејства во тој регион, пренесува „ТВ Центар“.

Констатирано е дека наведената инцијатива овозможила нагло да се намали обемот на крвопролевање во земјата. Во текот на разговорот лидерите ја истакнале важноста на тесната координација на претставниците на Русија и САД, вклучително и по воена линија. Исто така, се заложија и за активирање на процесот за политичко решение на сириската криза.  

Според информациите на весникот „Политико“, веста за повлекувањето на силите ги затекнала претставниците на Белата куќа. Американските чиновници почнале брзо да ги прибираат сите неопходни информации.

Уште една тема на разговорот меѓу двајцата лидери била и Украина - Владимир Путин ја акцентирал потребата од целосно исполнување од страна на украинските власти на обврските кои ги презеле согласно „Минската спогодба“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња