Порталот „На линија” објави список од четири очекувани последици од повлекувањето на рускиот воен контингент од Сирија.
Како прво, не треба да се очекува слабеење на позициите на сириската војска, пишува порталот. Техниката што ја испорача Русија, двете бази, дел од руската авијација која ќе го следи почитувањето на примирјето и воените советници остануваат на своите позиции. Инфраструктурата на ИД е во значителна мера уништена, а постигнат е прекин на огнот.
Втората последица ќе биде продолжување на преговорите меѓу Русија и САД, за кои, судејќи според реакциите на Белата куќа, повлекувањето на руските сили беше неочекувано.
Третата последица за која пишува порталот се однесува на антируската пропаганда по повод конфликтот во Сирија. Овој потег, барем привремено, ќе ја замолчи, смета порталот.
Што се однесува до реакцијата на руската опозиција, може да се очекува дека таа брзо ќе се префрли од критиките на операцијата во Сирија на темата за нејзиниот наводен неуспех, пишува „На линија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче