Лавров: РФ не ја повлекува војската за тоа да му се допадне некому

Одлуката за повлекување на силите од Сирија е донесена затоа што тие успешно ги извршија своите задачи, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Одлуката за прекин на операцијата на ВКС Русија во Сирија беше донесена не за  тоа да му се допадне некому, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров, пренесува РИА „Новости“.

„Нашата одлука за делумен прекин на операцијата што нашите Воздушно-космички сили во Сирија ја реализираа произлегува од тоа што задачите, поставени од претседателот пред нашите Вооружени сили во Сирија како одговор на барањето на нејзиниот претседател, задачи за зајакнување на способностите на сириските вооружени сили за да му се спротивстават на тероризмот, беа во целост исполнето: сириската армија ги поврати своите позиции на клучните правци и на терористите им беше нанесена суштинска штета, и токму во врска со тоа таа задача беше клучна во одлуките што ги донесе претседателот. Тие се донесени не за да му се допадне тоа некому или за да нѐ пофали некој“, рече Лавров.

Министерот потенцираше дека Русија поаѓа од интересите на сирискиот народ, од интересите на блискоисточниот регион, како и од интересите на мобилизацијата за максимална меѓународна поддршка за борба со тероризмот и ги постигнала соодветните цели.

„Поставена е добра база за движење во сите овие правци: и за нанесување на дефинитивен пораз на ИД, „Џебхат ан-Нусра“ и другите терористички организации, и со цел решавање на хуманитарните проблеми, и со цел политичкиот процес, најпосле, да тргне како што треба“, истакна Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња