Иако санкциите не подразбираат директна забрана за банките да учествуваат во пласман на државни хартии од вредност на Руската Федерација, европските официјални лица, повторувајќи го стравот кој претходно го изнесе американското Министерство за финансии, предупредуваат дека средствата од продажбата на обврзниците можат да бидат искористени за други цели, пишува весникот „Фајненшел Тајмс“.
Ако европските банки се откажат од пласман на обврзници, Москва би можела да биде принудена да се откаже од продажбата на хартиите од вредност, пренесуваат медиумите.
Во февруари магазинот „Вол Стрит Џурнал“, повикувајќи се на добро информирани извори, јави дека американските власти барале од водечките банки да не се впуштаат во потенцијално профитабилни, но политички ризични зделки, како што нагласија, со руски државни обврзници, затоа што таквите зделки би можеле да ги осуетат ефектите од санкциите кои САД ги воведоа против Русија во 2014 година, пренесува „Взгљад.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче