„Џебхат ан-Нусра”: Повлекувањето на авијацијата од Сирија е пораз на Русија

Организацијата „Џебхат ан-Нусра” соопшти дека планира да ги интензивира своите напади и да ги поврати изгубените територии.

Одлуката за повлекување на руската авијација од Сирија сведочи за тоа дека Русија претрпе пораз, изјави еден од командантите на терористите.

„Потполно е очигледно дека Русија претрпе пораз и во текот на следните 48 часа ан-Нусра ќе почне офанзива во Сирија“, ја цитира весникот „Телеграф“ изјавата на неименуван командант на терористите.  

Организацијата „Џебхат ан-Нусра” соопшти дека планира да ги интензивира своите напади и да ги поврати изгубените територии. Весникот истакнува дека, ако офанзивата навистина почне, тоа ќе биде првиот испит за приврзаниците на Асад за да се види дали ќе успеат да им се спротивстават на терористите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња