Членот на комисијата на руската патријаршија за прашања на семејството, заштитата на мајчинството и детството протојерејот Артемиј Владимиров апелираше од училишната програма да се исфрлат расказите „За љубовта“ на Антон Чехов, „Грмушката на јоргованот“ на Александар Куприн и „Кавказ” на Иван Бунин.
Артемиј Владимиров изјави дека од „огромното богатство на руската книжевност, во која постои голем број дела кои можат да ги формираат идеалите на семејството, методичарите ги избрале овие дела кои воопшто не одговараат на таа цел“, се наведува на сајтот на комисијата.
„Дела која им се нудат на учениците за проучување , како што се „За љубовта“ на Чехов, „Грмушката на јоргованот“ на Куприн и „Кавказ“ на Бунин ја величаат слободната љубов. Во еден случај измамениот маж извршува самоубиство, во друг се распаѓа семејството, а во третиот измамата нема никакви последици”, се наведува во соопштението, пренесува „Взгљад“.
„Тоа се силни уметнички слики, тоа е бомба со одложено дејство за нашите деца“, изјави Владимиров. „Нашата комисија ќе го упати овој предлог до државниот ресор за образование“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче