МО Полска го смета падот на авионот на Качински за „терористички чин“

Падот на авионот Ту-154 на претседателот на Полска Лех Качински кај Смоленск беше „терористички чин“, изјави министерот за одбрана на Полска Антониј Мацеревич.

Мацеревич изјави дека таа акција била за да се лиши Полска од луѓето кои – според неговите зборови – ја воделе земјата кон независност. Тој ја спомна оваа авионска несреќа паралелно со дејствијата за кои за виновна се смета Русија – на пример, заострувањето на ситуацијата на истокот на Украина – меѓутоа тој не изјави директно дека за падот на авионот е одговорна Москва, пишува „Взгљад“.

„Треба да се потсетиме дека ние бевме прва жртва на тероризмот во триесеттите години, а по Смоленск, можеме да кажеме, дека станавме прва голема жртва на тероризмот во современиот конфликт кој се одвива пред наши очи“, изјави Мацеревич.

Истражниот комитет на Русија дојде до заклучок дена нема вина на руските диспечери во таа авионска несреќа.

Притоа главното воено обвинителство на Полска ја заврши анализата на материјалите поврзани со причините, околностите и самата катастрофа на авионот. Фактички Полјаците дојдоа до истите заклучоци како и руската страна.

Полската владина комисија предводена од министерот за внатрешни работи Јиржи Милер, и руските експерти дојдоа до заклучок дека причина за катастрофата била спуштањето на пониска висина од минималната при претерана брзина на временски услови кои не дозволувале остварување на визуелен контакт со земјата, како и задоцнетиот почеток на процедурата на слетување во вториот круг.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња