Мацеревич рече дека причина за падот на авионот во кој животите ги загубија полскиот претседател Лех Качински и државниот и воен врв на оваа земја бил „терористички чин“, чија цел била „Полска да остане без раководство“.
Изјавите на министерот за одбрана на Полска Антониј Мацеревич кој ја окарактеризира авионската несреќа кај Смоленск како терористички чин се неосновани и немаат никаква врска со реалноста, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.
„Знаете дека е тоа произволна изјава која нема никаква основа. Навистина, имавме можност, меѓу другото и јавно, да се запознаеме со сите околности на таа страшна трагедија. Објавувани се информации со повикување на нашите официјални лица, на лицата кои ја водеа истрагата, луѓето кои се занимаваа со околностите на трагедијата. Базирајќи се на сите тие факти, секако дека ваквите изјави можат да се окарактеризираат како неосновани, необјективни и да се кае дека немаат ништо заедничко со стварните околности на оваа трагедија“, рече Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче