Извор: ЕУ договори пет принципи на односи со Русија

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ договорија пет принципи на односи со Русија, меѓу кои е и исполнувањето на „Минската спогодба“, како и приоритетот на интересите на ЕУ при изградбата на односите со Русија.

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ на состанокот во понеделникот во Брисел договорија пет принципи во односите со Русија кои подоцна ќе ги објави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, соопшти добро информиран извор во ЕУ, пренесува РИА „Новости“.

Како прво, според зборовите на изворот кој бараше да остане анонимен, услов за сите промени во политиката на ЕУ во однос на Русија е целосна имплементација на „Минската спогодба“. Како второ, при секоја соработка со Москва европската дипломатија треба да се раководи според интересите на Европската унија. Освен тоа, учесниците на состанокот ја истакнаа потребата од зајакнување на односите на ЕУ со источните партнери, како и да се зајакнува стабилноста на самата Европска унија. На крај, Брисел треба да воспоставува врски меѓу луѓето во ЕУ и Русија и да го поддржува руското граѓанско општество.  

Принципите според кои ЕУ треба да се раководи во односите со Русија беа соопштени на состанокот од страна на Могерини, а министрите се согласија со неа, истакна изворот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња