Средбата на шефовите на МНР на земјите-членки на ЕУ ќе биде нестандардна. Според практиката од последните две години, кога европските министри дискутирале за Русија, секогаш станувало збор на пожестоки санкции или за нивно продолжување поради настаните во Украина. Последниве месеци една од најдискутираните теми во Брисел стана руската воена операција во Сиија и нејзиното влијание врз потокот мигранти, пишува „Взгљад“.
Сепак сега ќе стане збор исклучително за билатералните односи со Русија, каде министрите за надворешни ќе се обидат да направат чекот на патот за изработка на нова долгорочна стратегија во односите со Москва.
„Поради настаните во последните две години во европските престолнини дојдоа до заклучок: во секоја ситуација враќање кон односите со Русија во духот на „Бизнис како и обично“ не може да има“, објаснува извор во структурите на САД: „Сега воопшто нема никаков заеднички став за односите со Русија, има само санкции, но тоа не може да трае вечно. Нам ни треба new normal – долгорочна стратегија на соработка со Москва во нови услови“.
Уште еден извор во структурите на ЕУ објасни дека по денешните разговори не се очекуваат никакви конкретни одлуки. „Тоа ќе биде своевиден бреинсторминг, чии резултати можат да се изведат во нешто конкретно на следните консултации“. Соговорникот прецизираше: никакви подготвени предлози од страна на Европската комисија нема да има.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче