Дуров: Сноуден јa сруши мојата претстава за западниот свет

Павел Дуров, основач на најпопуларната социјална мрежа во Русија „ВКонтакте“ и новата мрежа „Телеграм“, призна дека пред податоците за глобалната шпионажа која ја обелодени Едвард Сноуден имал идеализирана претстава за Западот.

Вистината што се дозна благодарение на Сноуден го шокираше Дуров, кој претходно не верувал дека западните држави се во состојба да ги шпионираат своите граѓани, пренесува ТАСС. 

„Публикациите на одбегнатиот соработник на НСА ги срушија моите претстави за западниот свет“, изјави Дуров.

Тој призна дека Сноуден бил негов личен херој. „Бев среќен кога тој му раскажа на светот за постоењето на тој вид шпионажа. Сакав тој да биде и дел од она што го создавам“. Затоа Дуров му понудил на Сноуден соработка, но не добил одговор.

Во јуни 2013 година поранешниот соработник на Националната безбедносна агенција на САД (НСА) Едвард Сноуден докажа дека најголемите интернет и телефонски компании на светот им ги предаваат на тајните служби на САД сите информации кои ги поседуваат за своите корисници.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња