Техеран ги наведе условите околу замрзнувањето на производството на нафта

На соработка на Иран по прашањето на замрзнување на обемот на експлоатација на нафтата не треба да се смета пред да се достигне нивото од четири милиони барели дневно, изјави министерот за нафта на Иран Бижан Зангане.

Иран е подготвен со други земји да го разгледа замрзнувањето на обемите на експлоатација на нафтата дури откако ќе го зголеми производството на четири милиони барели дневно, изјави министерот за нафта Бижан Зангане, соопшти агенцијата ИСНА.

„Пред тоа, пред производството да го достигне нивото од четири милиони барели дневно, не треба да се смета на наша соработка во таа смисла“, рече министерот одговарајќи на прашањето дали министерот за енергетика на РФ Александар Новак, кој ќе го посети Иран на 14 март, ќе се обиде да ги убеди иранските власти да се придружат на предлогот за замрзнување на експлоатацијата на нафтата.  

Кон крајот на февруари Зангане изјави дека дневната експлоатација на нафтата во Иран ќе достигне 4,6 милиони барели дневно во рамките на петгодишната програма за развоја на оваа земја до 2021 година.  

Русија, Саудиска Арабија, Катар и Венецуела на состанокот во Доха во февруари се договорија да го задржат производството на нафта на јануарското ниво, но само под услов на оваа иницијатива да ѝ се придружат и останатите производители. Еквадор, Алжир, Нигерија, Оман, Кувајт, ОАЕ изразија таква подготвеност. Иран и Ирак засега немаат ветено дека ќе го замрзнат производството.

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња