Поранешен пратеник на ООН за Сирија: Требаше да се послуша Русија

Русија уште во 2012 година имаше пореалистичен пристап кон конфликтот во Сирија, изјави Лахдар Брахими, поранешен специјален пратеник на Генералниот секретар на ООН за Сирија.

Конфликтот во Сирија можеше да заврши уште пред четири години доколку Западот ја послушаше Русија, изјави за „Ал Џезаира“  на англиски јазик поранешниот специјален пратеник на ООН за Сирија Лахдар Брахими.

„Русија тогаш имаше пореалистичен пристап кон ситуацијата за разлика од речиси сите останати. Мислам дека требаше почесто да ги слушаме Русите. Тие знаеја како фактички стоеја работите“.

Брахими признава дека во 2012 година Западот требало да ја послуша Русија, но не ги потврди наводните гласови дека Москва тогаш се залагала за оставка на Асад.

Според неговите зборови, „ако секој имаше поточна претстава за тоа што се случува во Сирија“, конфликтот навистина можел да се реши уште пред четири години.

Брахими исто така истакнува дека „во сириската трагедија нема добри момчиња“, критикувајќи ги западните и муслиманските земји затоа што за главен приоритет не ги зеле интересите на граѓаните на Сирија. 

„Не само муслиманскиот свет – целиот свет ја предаде Сирија. Мислам – што направија Американците? Што направија Французите? Што направија Британците? Никој не им помогна на Сиријците“, објаснува тој, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња