Погранична служба на САД: Лесин не излегол од САД

Според зборовите на портпаролот на Пограничната служба на САД Мајкл Фрил, Лесин бил регистриран како да ја напуштил земјата за да му биде поништена визата.

Компјутерскиот запис за поранешниот министер за печат на Русија Михаил се појавил во документите на Службата за царинска и погранична безбедност на САД на 15 декември, односно по неговата смрт, исклучително со цел за поништување на неговата виза која му била претходно дадена. Вакво објаснување даде за ТАСС портпаролот на службата Мајкл Фрил.

„Записот во базата на податоци на Службата за царинска и погранична безбедност на САД беше направен за да му биде поништена неемиграциската виза на починатиот“, - напиша Фрил во своето електронско писмо. „Тој запис не сведочи за реално заминување од САД со комерцијален или приватен авион. Службата за царинска и погранична безбедност на САД нема податоци за заминување на тој човек од САД по датумот на смртта“.

На дополнителното барање да потврди дека тоа е стандардна процедура во таквите случаи, Фрил одговори: „Апсолутно точно“.

Вчера рускиот опозиционер Алексеј Навални објави дека според податоците на американската погранична служба, Михаил Лесин ги напуштил САД 40 дена по неговата смрт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња