Министерството за одбрана на Русија ја потврдува информацијата за соборување на авион-ловец на ВВС Сирија, беше објавено на сајтот рускиот одбранбен ресор во информативниот билтен на Центарот за помирување на спротивставените страни на територијата на Сирија, пренесува РИА „Новости“.
Во соопштението се вели дека на 12 март авион МиГ-21 реализирал лет за контрола на воздушниот простор. Бил соборен од преносен ракетен систем во реонот на населеното место Кафер-Нбуда во провинцијата Хама.
Претходно за соборувањето на сирискиот ловец соопшти агенцијата „Спутник“ повикувајќи се на воен извор. Според информацијата на агенцијата, пилотот се катапултирал, но бил убиен во текот на спуштањето со падобран.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче